Комора на психолози

Информација

Согласно надлежностите кои произлегуваат од член 36 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер („Сл.весник на РСМ“ бр.101/2019), имателите на информации кои имаат законска обврска да подготват Годишен извештај за спроведување на ЗСПИЈК за 2023...

Комора на психолози

Информација

Согласно надлежностите кои произлегуваат од член 36 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер („Сл.весник на РСМ“ бр.101/2019), имателите на информации кои имаат законска обврска да подготват Годишен извештај за спроведување на ЗСПИЈК за 2023...

Известување за консултации

Претседателката на Комората на Психолози доц.д-р Мирјана Јовановска Стојановска ќе биде во Комората на Психолози за консултации,
секој прв четврток во месецот од 15,00 до 17,00 часот.

Документи на комората

Документи од јавен карактер поврзани со работењето на Комората на психолози на Република Македонија

Стандардизирани психолошки тестови

Тестови потребни на членовите на Комората на психолози

Добредојдовте

Конечно имаме своја Комора која ни овозможува заеднички да се избориме за подобар статус на нашата професија.
Се надеваме дека активно ќе се вклучите во нашата заедничка работа, затоа што секоја ваша забелешка, пофалба, критика и предлог се драгоцени и неопходни за успешно делување на Комората на психолози.

Информации и документи за зачленување во комората

Издавање на лиценци

Податоци и документи поврзани со издавање на лиценца за ПСИХОЛОГ

прочитај повеќе…

Формулари

Пропратна документација поврзана со пристапување кон Комората

прочитај повеќе…

Стручен испит

Кои се критериумите и што е потребно за полагање на стручен испит

прочитај повеќе…

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ШТО Е ТОА ОПШТА, А ШТО ПОСЕБНА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ПСИХОЛОШКА ДЕЈНОСТ?

Психолошка дејност можат да вршат само психолози кои поседуваат општа и/или посебна лиценца која на нивно барање ја издава Комората на психолози на Р. Македонија (Член 3. Закон за вршење на психолошка дејност). Лиценцата е јавна исправа.

Општата лиценца се  добива после обавен стаж во вршење на психолошка дејност, во траење од една година, положен стручен испит и Упис во Регистерот на психолози.

Посебна лиценца се издава за вршење на психолошка дејност која не е опфатена со додипломско образвание и опфаќа поспецифични стручни облици на работа во областа на клиничката, здравствената, пенолошката, судската, воената, педагошката и школската психологија, трудовата психологија, психологија на спортот, социјалната заштита, професионалната ориентација и медицината на трудот, како и други области за кои постои потреба за поспецифични стручни облици на работа. Психологот кој сака да поседува посебна лиценца мора да ги исполнува следните услови:

  1. да поседува општа лиценца;
  2. да има завршено соодветно оспособување во установа со адекватна програма.

Психолозите кои на денот на основање на Комората вршат работи за кои е пропишана потреба за поседство на посебна лиценца, стекнуваат право на посебна лиценца.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИМЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ?

Право да полагаат стручен испит имаат психолози кои имаат минимум една година работен или волонтерски стаж во вршење на психолошка дејност.За да се пријавите за полагање на стручен испит потребно е да ги приложите следните документи:

  1. Пријава за полагање  на стручен испит;
  2. Потврда за обавен стаж или работно искуство во вршење на психолошка дејност во траење од една година;
  3. Уверение за завршен факултет и стекнато звање психолог (оригинал или нотарски заверена фотокопија);
  4. Уверение за државјанство на Р. Македонија (оригинал или нотарски заверена фотокопија);
  5. Доказ за подмирени финансиски обврски кон Комората на психолози – уплатница по основ издаање на лиценца. Уплатата е потребно да се изврши минимум 15 дена пред поднесување на Пријавата за полагање на стручен испит.
  6. Кратка биографија;
  7. Мотивационо писмо.
КОГА МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИМЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ?

Стручниот испит се полага усно.
Стручниот испит се полага во просториите на Комората.
Стручниот испит се полага пред тричлена комисија.
На Ваше барање стручен испит може да се полага секој месец во текот на оваа година:
– Испитот се пријавува од 1ви до 20ти во месецот.
– Стручен испит се полага од 25ти до 31ви во месецот.

ШТО Е СО ПСИХОЛОЗИТЕ КОИ НЕМААТ РАБОТНО ИСКУСТВО?

Психолозите кои немаат работно искуство во вршење на психолошка дејност се запишуваат во Именикот на психолози приправници на Р.Македонија, по што имаат обврска да обават стаж во траење од една година. Институцијата во која ќе се обавува стажот треба да биде институција во која се врши психолошка дејност (исклучиво или паралелно со други дејности) Стажирањето се врши под менторство на вработен психолог во институцијата, или доколку институцијата нема вработен психолог, психологот приправник склучува договор за супервизија со надворешен психолог ментор од истата област на психолошка дејност. Институцијата, психологот стажант и Комората потпишуваат Договор за стажирање кој ги одредува и регулира правата, одговорностите и обврските кои им припаѓаат на психологот стажант и на институцијата. Психологот приправник може да има статус на вработено лице во институција/приватна пракса, по што после една година работно искуство во психолошка дејност, истиот се пријавува за полагање стручен испит и се стекнува со лиценца за психолошка дејност.

ШТО ДОКОЛКУ ИТНО МИ Е ПОТРЕБНА ЛИЦЕНЦА?

Доколку итно Ви е потребна лиценца за вршење на психолошка дејност, поради вработување или друга причина стапете во контакт со Комората на психолози, затоа што таа постои за Вас и ќе Ви излезе во пресрет.

КАКО ЌЕ СЕ ПОЛАГА СТРУЧНИОТ ИСПИТ?

Стручниот испит се полага усно пред тричлена Комисија назначена од страна на Управен Одбор на Комората на психолози.

Кандидатите ќе одговараат на три прашања, од кои едното се однесува на Етика на психолошка дејност (реф. Етички Кодекс на психолозите на Р. Македонија), а останатите две ќе бидат дел од тематските области кои заедно со референци за материјали од кои може да се спремаат ќе бидат навремено истакнати.

Испитот се оценува со положил/паднал.