Активности на комората

  • Одлука за прифатливо време од стажирање

    На својата редовна Седница, одржана на 18.09.2019, Управниот Одбор при Комората на Психолози, усвои
    - Одлука за прифатливо време од стажирање до полагање на Стручен Испит за Лиценца - поминати не повеќе од 12 месеци

  • Покана за обука

    Субверзивен фронт ја има честа да ве покани на дводневен тренинг воден од John Pachankis, PhD - Associate Professor of Public Health (Social and Behavioral Sciences) - Yale School of Public Health. Тој доаѓа во Скопје да одржи тренинг за The Esteem Program - Пристап базиран на докази за подобрување на менталното здравје и намалување на стигмата. Неговото поле на истражување е менталното здравје кај лезбејки, геј, бисексуални и трансродови лица. Посебно се обидува да ги идентификува психолошките и социјалните влијанија кои би можеле да ги објаснат непропорционалните искуства на ЛГБТ лицата со неколку негативни резултати од менталното здравје, како депресија и злоупотреба на супстанции. Како клинички психолог, неговата крајна цел е преведување на резултатите од студиите во психосоцијални интервенции, во насока кон подобрување на здравјето на ЛГБТ заедницата.
    Тренингот е наменет за психолози, психотерапевти и професионалци кои нудат услуги од областа на менталното здравје, а предност имаат оние кои веќе работат со маргинализирани групи.
    Учеството во тренингот е бесплатно.
    Тренингот ќе се одржи на 18 и 19 јули во просториите на Субверзивен фронт.
    Пријавувањето можете да го извршите на dtasevski@s-front.org.mk со праќање на вашата кратка биографија и мотивациско писмо, најдоцна до 10.07.2019.
    За членовите на Комора на психолози на РСМ, сертификатите ќе бидат бодувани според правилникот за стручно усовршување.
     
    ДАВИД ТАСЕВСКИ
    DAVID TASEVSKI
    Програмски координатор - психолог
    Programme coordinator - psychologist
     
    СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ
    БУЛ. КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ 19/5-28, 1000 СКОПЈЕ
    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    SUBVERSIVE FRONT
    BLVD. KUZMAN JOSIFOVSKI PITU 19/5-28, 1000 SKOPJE
    REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
     
    Телефон /Office telephone: +389 2 60 90 779
    Мобилен / Mobile, Viber: +389 78 310 947
    Е-пошта / E-mail: dtasevski@s-front.org.mk
    Web: www.s-front.org.mk
    Следете нè на / Follow us on Facebook, Twitter, Instagram, Flickr и / and YouTube

  • Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комората на психолози и Министерството за здравство

    На 29 октомври, претседателката на Комората на психолози на Република Македонија Мирјана Јовановска-Стојановска и министерот за здравство Венко Филипче, потпишаа Меморандум за соработка.

    Во таа прилика, министерот Филипче на официјалниот фејсбук профил напиша:

    "Со претседателката на Комората на психолози Мирјана Јовановска-Стојановска, денеска потпишавме Меморандум за соработка кој ќе овозможи обезбедување на психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства, особено на онколошките одделениja. Вложуваме во унапредување на здравјето на пациентите, бидејќи психолошката поддршка е едно од најважните сегменти за успешно лекување на болестите."

  • Правилник за полагање за издавање на лиценца од страна на Комората на психолози на РМ

    КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Врз основа на Член 3 и Член 4 од Законот за вршење на психолошка дејност („Службен весник на Р. Македонија“ бр. 6/05 од 28 Јануари, 2005 год.) и Член 33 од Статутот на Комората на психолози на Република Македонија Собранието на Комората на својата  седница го донесе:

     

    ПРАВИЛНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ОД СТРАНА НА КОМОРАТА НА ПСИХОЛОЗИ НА Р. МАКЕДОНИЈА

     

    Член 1

    Со овој Правилник за полагање за издавање, на лиценца од страна на Комората на психолози на Р. Македонија (во продолжение на текстот Правилник) се одредуваат условите, начинот и постапката за полагање за издавање на лиценца на психолозите членови на Комората на психолози на Р. Македонија (во продолжение на текстот: Комора).

     

    Член 2

                Одборот за одредување комисија за полагање го сочинуваат 3 членови од кои еден со академска титула, со 14 години работно искуство и е претседател на комисијата, еден со стручна титула и еден психолог од пракса, двајцата со 7 години работно искуство. Членовите се именуваат од листата на психолози, кои се пријавиле на јавен повик од комората и ги именува Управен Одбор.

    Членовите на Одборот мора да исполнуваат услов односно да имаат право на посебна лиценца од различни подрачја на психолошката дејност.

     

    Член 3

    За полагање за издавање на лиценца се именува Комисија за полагање.

    Комисијата од ставот 1. на овој Член одлучува и го евалуира испитот како положен или неположен.

    Комисијата за полагање ја сочинуваат 3 членови од кои еден со академска титула, со 14 години работно искуство и е претседател на комисијата, еден со стручна титула и еден психолог од пракса, двајцата со 7 години работно искуство. Членовите се именуваат од листата на психолози, кои се пријавиле на јавен повик од комората а ги именува Одборот за одредување комисија за полагање.

    Доколку некоја Комисија не е во можност да договори Термин во рок од 20 дена, во тој случај ќе преминеме на наредната Комисија во редот на ротирање..

    Членовите на Комисијата мора да исполнуваат услов односно да имаат право на посебна лиценца од различни подрачја на психолошката дејност.

    Комисиите се формираат и именуваат според потребата.

    Листата на стручњаци се составува од страна на членовите на Одборот за одредување комисија за полагање.

    Се составуваат три листи на стручњаци и тоа од подрачјето на применета психологија во здравство, во образование и во област на труд и социјална работа.

    Право да бидат дел од листата на стручњаци имаат сите членови на Комората кои ги исполнуваат условите од ставот 3 на овој член.

     

    ПОЛАГАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА

     

    Член 4

    Психологот се стекнува со право да полага стручен испит после обавен стаж во вршење на психолошка дејност во траење од 1 година, од која 4 месеци во институции од област на образование, 4 месеци во институции од област на здравство и 4 месеци во институции од област на труд и социјална работа.

    Програмата и инстуитуциите во кои ќе се обавува стажот на психологот ги одредува Управниот одбор на Комората и истите јавно ги објавува.

    Психологот кој уредно го обавил стажот има право да се пријави за полагање на стручен испит за што е потребно да ги приложи следните документи:

    Пријава за полагање на стручен испит.
    Потврда за уредно обавен стаж.
    Уверение за завршен факултет и стекнато звање психолог.
    Уверение за државјанство на Р. Македонија.
    Доказ за подмирени финансиски обврски кон Комората – уплатница по основ издавање на лиценца.
    Кратка биографија.
    Мотивационо писмо.

    Документацијата се доставува во оригинал или нотарски заверена фотокопија.

    Психологот кој поднел пријава за полагање на стручен испит се известува во рок од 15 дена за терминот на полагање на стручниот испит.

    Испитот се отценува со положил/паднал. Кандидатите кои положиле ќе добијат Уверение за положен стручен испит кое го издава Комисијата за полагање.

     

    Член 6

    Психолозите кои имаат најмалку една година работен стаж во вршење на психолошка дејност во моментот на започнување со издавање на лиценци од страна на Комората согласно Членот 47. од Законот за вршење на психолошка дејност се ослободени од обавување на приправнички стаж.

    За полагање на стручен испит ја приложуваат документацијата согласно Членот 4. од овој Правилник, со исклучок на Потврдата за уредно обавен приправнички стаж која се заменува со Потврда за работен стаж во вршење на психолошка дејност во период од најмалку една година.

     

    Член 7

    Психолозите кои имаат најмалку пет години работен стаж во вршење на психолошка дејност во моментот на започнување со издавање на лиценци согласно Членот 47 од Законот за вршење на психолошка дејност се ослободени од полагање на стручен испит и можат да го остварат своето право на добивање на лиценца за вршење на психолошка дејност со приложување на следната документација:

    Барање за издавање на општа лиценца за вршење на психолошка дејност.
    Уверение за завршен факултет и стекнато звање психолог.
    Потврда за работен стаж во вршење на психолошка дејност, во траење од најмалку пет години.
    Државјанство на Р.Македонија.
    Доказ за подмирени финансиски обврски кон Комората – уплатница по основ издавање на лиценца.

     

    Член 8

    Ако психологот стекнал звање во соодветна образовна институција во друга земја потребно е покрај барањето, да приложи и:

    диплома за завршен факултет и стекнато звање психолог.
    нострификација на дипломата,

    Документацијата се поднесува во оригинал или нотарски заверена фотокопија.

     

    Член 9

    Доколку при поднесување на пријава за полагање на стручен испит подносителот не ја поднесе комплетната докуметација, пријавата или барањето не се прима се додека не ги комплетира.

     

    Член 10

    Врз основа на решение на Комисијата за полагање Претседателот на Комората, Комората издава лиценца за вршење на психолошка дејност.

     

    Член 11

    Странски државјани психолози кои бараат привремено или трајно издавање на лиценца во Република Македонија обврзани се, со барањето за издавање на лиценца освен документацијата од Членот 7. со исклучок на ставката Уверение за државјанство на Р.Македонија и Членот 9. на овој Правилник, да приложат и документација за одредените важечки прописи за работа на странец во Република Македонија, потврда за членство во матичната Комора или друга соодветна по статус организација, потврда за почитување на одредбите на Етичкиот кодекс на психолозите, како и доказ дека против психологот не се води никаква судска или дисциплинска постапка.

     

     

     III. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

     

    Член 12

    Измените и дополненијата на овој Правилник се донесуваат по истата постапка како што се донесува и Правилникот.

     

    Член 21

    Овој Правилник стапува на сила по донесувањето од страна на Управен Одбор на Комората.

     

     

    ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ

    НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Денови на психологијата

    Денови на психологија „Грижа за Себе е грижа за Тебе”

    Национална платформа на психолози на Р.Македонија за унапредување на менталното здравје

    Денови на психологија „Грижа за Себе е грижа за Тебе“ е иницијатива на Комората на психолози соцел самоафирмација и промоција на психологот, неговата дејност и улога на чувар и заштитник на менталното здравје и процесите на менталното здравје во заедниците во кои психологот делува. Оваа иницијатива ќе се реализира во текот на месец Ноември, 2017, месецот на психологијата во Р. Македонија, по повод десетгодишнината од функционирањето на Комората на психолози како професионално тело кое ги застапува интересите на сите психолози во Р. Македонија.

    Денови на психологија „Грижа за Себе е грижа за Тебе” и ако се иницирани од Комората на психолози, идејно и логистички ќе бидат реализирани од сите заинтересирани психолози и институци и од каде што тие доаѓаат. Таа се реализира на база на нашите способности, нашата креативност, нашето време и професионалност и нашиот капацитет за взаемно делување. Притоа, ние ги користиме и ресурсите на заедницата, институциите во кои работиме, и можностите кои ги имаме. Учеството во оваа платформа ни овозможува и поврзување и грижа едни за други и промоција на нашата професија како исклучително значајна за заштитата и унапредување на менталното здравје и добросостојба на граѓаните на Р.Македонија.

    Темата „Грижа за себе е грижа за Тебе“ е првата тема на оваа национална платформа за унапредување на менталното здравје и е движечкиот концепт преку кој ќе се вообличуваат и спроведуваат сите иницирани активности. На овој начин, секој заинтересиран психолог ќе предложи и спроведе акција преку која ќе ја презентира личната и професионалната грижа за менталното здравје во заедницата и пошироко. Предложената акција претставува промоција на психологот и е негов придонес во унапредувањето на менталното здравје во одредениот сектор каде тој функционира и ја развива дејноста.

    Секој заинтересиран психолог својата акција ја предлага во дефинирани области на: Здравство, Човечки ресурси, Образование, Приватна пракса и Социјална заштита. Акциите можат да бидат одредени презентации на релевантни теми, работилници, предавања, дискусии, истражувачки проекти, јавни акции, гостувања во медиуми, пишан текст, мапирање на потребите за психолошка дејност на заедницата и артикулација на наодите. За пријавените акции, психологот ги користи сопствените и ресурсите на институцијата и заедницата.

    Акциите се пријавуваат преку пополнување на формулар за психолошка акција со доставување на истиот на маил: komora.na.psiholozi@gmail.com. Право на учество имаат сите заинтересирани психолози (без обврска за членство).

    Пријавените акции и психолози ќе влезат во националната агенда на настани и на тој начин истите ќе бидат промовирани национално преку нивно поставување и артикулирање на платформата на соработка на социјалните медиуми. Можете повеќе информации за социјалната платформа да добиете на фејсбук страницата.

    „Грижа за себе е Грижа за Тебе“ е непрофитна дејност на пријавените психолозите, наменети за граѓаните и заедницата. Ресурсите кои ги инвестираат, се ресурсите кои ги имаат и кои ги користат.

    Сите оние кои што ќе земаат учество во оваа национална платформа, освен промоцијата на психолошката улога и дејност и придонесот во артикулација на прашањето на ментално здравје, ќе им бидат доделени и сертификати за учество од страна на Комората на психолози, потребни за унапредување на професионален развој.

    Хаштагови на настанот се:
    #grizazasebeegrizazatebe  #denovinapsihologija2017  #mentalnozdravje

    Организацискиот Одбор на Денови на Психологија го сочинуваат:
    Радмила Живановиќ, координатор, radmila.zivanovic@gmail.com, област: Приватна пракса
    Фросина Денкова Зафировска, frosinadenkova@gmail.com, област: Човечки Ресурси
    Светлана Илоски, svetlanailoski@gmail.com, област: Здравство
    Андреа Велинова, velinovaandrea@gmail.com, област: Образование
    Марија Ангелеска, m_nedelkoska@yahoo.com, област: Социјална заштита
    Љубица Попова, ljubica.popova@yahoo.com, област: Здравство
    Мирјана Јовановска Стојановска, mstojanovska2002@yahoo.com
    Тина Кочовска, gocevskatina@gmail.com

    Графички дизајн на кампањата:
    Вили Стоилова, stoilovavilii@gmail.com

    Формулар за пријавување на психолошка акција

    Организациски одбор

  • Годишно собрание на Комората

    Почитувани членови на Комората на психолози на РМ,
    Ве известуваме дека на ден 24.03.2017 година, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Филозофски факултет ќе се одржи годишно Собрание на Комората на психолози на Р.М.
    Од Управен Одбор на Комората на психолози на Р.М.

  • Изборно собрание на Комората на психолози на РМ

    Почитувани колешки и колеги, членови на Комората на психолози на РМ
    Ве известуваме дека на ден 10.6.2016 годин,а во просториите на Филозофскиот Факултет при УКИМ, се одржа Изборно Собрание на Комората на психолози на РМ. На Собранието беа избрани нови Органи на Комората на психолози на РМ.

  • Повик за волонтирање

    ПСИХОЛОШКА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ
    Ги повикуваме сите психолози кои сакаат да учестуваат во акцијата на Комората на психолози на РМ, да им се пружи психолошка помош и подршка на настраданите од катастрофалните поплави, да се пријават на емаилот на Комората или тука во инбокс да испратат контакт телефон.

  • Собирање на средства за погодените од поплавите

    Почитувани колеги, Комората на психолози организира акција на собирање на потребни средства за погодените во поплавите. Најпотребни се: средства за хигиена, прашак за рачно перење на алишта, вода, храна(која не се расипува). Собраните средства ќе ги доставиме лично до загрозените семејства, онаму каде се најпотребни. Можете и вие да се вклучите и во доставувањето. Средствата кои сакате да ги донирате можете да ги донесете во просториите на Комората утре и во следните денови од 9 до 20 часот.

  • БЛАГОДАРНОСТ

    Им благодараиме на сите кои на повик на Комората донираа средства за настраданите во поплавите. Наша екипа лично ја достави донираната помош до постраданите семејства. Секој од нив имаше да раскаже своја ужасна приказна за таа катастрофална ноќ. Еве некои од тие приказни: - Запознавме маж-херој што скромно ни раскажа, како да е тоа нормално и секојдневно, дека откако водата им ја наполнила куката ги спасил жената и двете деца, па се вратил и со надчовечки напори пливаќи во ладната каллива вода спасил уште 14 луге-соселани. Раскажувањето брзо го заврши -„Извинете јас ќе одам...на комшиите им треба помош“. -Запознавме жена-херој која држејќи се за мажот и , загазила во водата што надоаѓала за да ја спаси комшиката. Ни раскажа „Незнам да пливам ама маж ми ме држеше а и жената ќе ја однесеше водата па загазив...сега ми е страв...тогаш не мислев многу“. -Запознавме луѓе-со големи срца кои ги примиле постраданите во своите домови и со нив го делат својот скромен живот. Домаќините им зборуваа на оние што ги примиле -„Ете ви ја собата ваша е, имате кај да спиете а што има, то ќе јадеме. Немаме струја ама ќе дојде.Не берете гајле, еве дошле луќе помош ни даваат. Ајде и вие, нестојте на улица, влезете во двор, кафе да се напиеме ...седнете овде на повисоко исчистивме.“ ГОЛЕМО ФАЛА ОД СИТЕ НИВ ЗА ВАС ДОНАТОРИТЕ.