Новости

БЛАГОДАРНОСТ

Им благодараиме на сите кои на повик на Комората донираа средства за настраданите во поплавите. Наша екипа лично ја достави донираната помош до постраданите семејства. Секој од нив имаше да раскаже своја ужасна приказна за таа катастрофална ноќ. Еве некои од тие приказни: - Запознавме маж-херој што скромно ни раскажа, како да е тоа нормално и секојдневно, дека откако водата им ја наполнила куката ги спасил жената и двете деца, па се вратил и со надчовечки напори пливаќи во ладната каллива вода спасил уште 14 луге-соселани. Раскажувањето брзо го заврши -„Извинете јас ќе одам...на комшиите им треба помош“. -Запознавме жена-херој која држејќи се за мажот и , загазила во водата што надоаѓала за да ја спаси комшиката. Ни раскажа „Незнам да пливам ама маж ми ме држеше а и жената ќе ја однесеше водата па загазив...сега ми е страв...тогаш не мислев многу“. -Запознавме луѓе-со големи срца кои ги примиле постраданите во своите домови и со нив го делат својот скромен живот. Домаќините им зборуваа на оние што ги примиле -„Ете ви ја собата ваша е, имате кај да спиете а што има, то ќе јадеме. Немаме струја ама ќе дојде.Не берете гајле, еве дошле луќе помош ни даваат. Ајде и вие, нестојте на улица, влезете во двор, кафе да се напиеме ...седнете овде на повисоко исчистивме.“ ГОЛЕМО ФАЛА ОД СИТЕ НИВ ЗА ВАС ДОНАТОРИТЕ.