КОЈА Е ПОСТАПКАТА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПСИХОЛОЗИ КОИ ИМААТ ПОВЕЌЕГОДИШНО РАБОТНО ИСКУСТВО?

Психолозите кои имаат најмалку пет години работно искуство во вршење на психолошка дејност се ослободени од полагање на стручен испит, согласно член 47 од Законот за вршење на психолошка дејност, и можат да го остварат своето право за добивање на општа лиценца за психолошка дејност со приложување на следната документација:

  1. Барање за Членство во Комората на психолози;
  2. Пополнет Евиденциски лист за членови на Комората на психолози;
  3. Барање за издавање на лиценца за вршење на психолошка дејност;
  4. Уверение за завршен факултет и стекнато звање психолог (во оригинал или нотарски заверена фотокопија);
  5. Потврда за работен стаж во вршење на психолошка дејност, во траење од најмалку пет години;
  6. Уверение за државјанство на Р. Македонија (во оригинал или нотарски заверена фотокопија);
  7. Доказ за подмирени финансиски обврски кон Комората – Уплатница по основ издавање на лиценца и Уплатница по основ уплата за членарина (Уплатата е потребно да се изврши 15 дена пред поднесување на Барањето за издавање на лиценца за вршење на психолошка дејност).

Психолозите кои исполнуваат критериуми за стекнување со општа лиценца, односно
– остваруваат работен стаж од најмалку пет (5) години, и
– извршуваат специфична стручна дејност од најмалку пет (5) години, односно вкупно 10 години работен стаж во специфична психолошка дејност, можат да поднесат барање за посебна лиценца за психолошка дејност.

Документацијата може да се достави во просториите на Комората на психолози на Р. Македонија. Во рок од 30 дена ќе ви биде издадена лиценца за вршење на психолошка дејност.