ШТО Е СО ПСИХОЛОЗИТЕ КОИ НЕМААТ РАБОТНО ИСКУСТВО?

Психолозите кои немаат работно искуство во вршење на психолошка дејност се запишуваат во Именикот на психолози приправници на Р.Македонија, по што имаат обврска да обават стаж во траење од една година.

Институцијата во која ќе се обавува стажот треба да биде институција во која се врши психолошка дејност (исклучиво или паралелно со други дејности)

Стажирањето се врши под менторство на вработен психолог во институцијата, или доколку институцијата нема вработен психолог, психологот приправник склучува договор за супервизија со надворешен психолог ментор од истата област на психолошка дејност.

Институцијата, психологот стажант и Комората потпишуваат Договор за стажирање кој ги одредува и регулира правата, одговорностите и обврските кои им припаѓаат на психологот стажант и на институцијата.

Психологот приправник може да има статус на вработено лице во институција/приватна пракса, по што после една година работно искуство во психолошка дејност, истиот се пријавува за полагање стручен испит и се стекнува со лиценца за психолошка дејност.