Психолошка дејност можат да вршат само психолози кои поседуваат општа и/или посебна лиценца која на нивно барање ја издава Комората на психолози на Р. Македонија (Член 3. Закон за вршење на психолошка дејност). Лиценцата е јавна исправа.
Општата лиценца се добива после обавен стаж во вршење на психолошка дејност, во траење од една година, положен стручен испит и Упис во Регистерот на психолози.
Посебна лиценца се издава за вршење на психолошка дејност која не е опфатена со додипломско образвание и опфаќа поспецифични стручни облици на работа во областа на клиничката, здравствената, пенолошката, судската, воената, педагошката и школската психологија, трудовата психологија, психологија на спортот, социјалната заштита, професионалната ориентација и медицината на трудот, како и други области за кои постои потреба за поспецифични стручни облици на работа. Психологот кој сака да поседува посебна лиценца мора да ги исполнува следните услови:
- да поседува општа лиценца;
- да има завршено соодветно оспособување во установа со адекватна програма.
Психолозите кои на денот на основање на Комората вршат работи за кои е пропишана потреба за поседство на посебна лиценца, стекнуваат право на посебна лиценца.