Субверзивен фронт ја има честа да ве покани на дводневен тренинг воден од John Pachankis, PhD – Associate Professor of Public Health (Social and Behavioral Sciences) – Yale School of Public Health. Тој доаѓа во Скопје да одржи тренинг за The Esteem Program – Пристап базиран на докази за подобрување на менталното здравје и намалување на стигмата. Неговото поле на истражување е менталното здравје кај лезбејки, геј, бисексуални и трансродови лица. Посебно се обидува да ги идентификува психолошките и социјалните влијанија кои би можеле да ги објаснат непропорционалните искуства на ЛГБТ лицата со неколку негативни резултати од менталното здравје, како депресија и злоупотреба на супстанции. Како клинички психолог, неговата крајна цел е преведување на резултатите од студиите во психосоцијални интервенции, во насока кон подобрување на здравјето на ЛГБТ заедницата.
Тренингот е наменет за психолози, психотерапевти и професионалци кои нудат услуги од областа на менталното здравје, а предност имаат оние кои веќе работат со маргинализирани групи.
Учеството во тренингот е бесплатно.
Тренингот ќе се одржи на 18 и 19 јули во просториите на Субверзивен фронт.
Пријавувањето можете да го извршите на [email protected] со праќање на вашата кратка биографија и мотивациско писмо, најдоцна до 10.07.2019.
За членовите на Комора на психолози на РСМ, сертификатите ќе бидат бодувани според правилникот за стручно усовршување.
ДАВИД ТАСЕВСКИ
DAVID TASEVSKI
Програмски координатор – психолог
Programme coordinator – psychologist
СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ
БУЛ. КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ 19/5-28, 1000 СКОПЈЕ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SUBVERSIVE FRONT
BLVD. KUZMAN JOSIFOVSKI PITU 19/5–28, 1000 SKOPJE
REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Телефон /Office telephone: +389 2 60 90 779
Мобилен / Mobile, Viber: +389 78 310 947
Е-пошта / E-mail:[email protected]
Следете нè на / Follow us on Facebook, Twitter, Instagram, Flickrи / and YouTube