Денови на психологија „Грижа за Себе е грижа за Тебе”

Национална платформа на психолози на Р.Македонија за унапредување на менталното здравје

Денови на психологија „Грижа за Себе е грижа за Тебе“ е иницијатива на Комората на психолози соцел самоафирмација и промоција на психологот, неговата дејност и улога на чувар и заштитник на менталното здравје и процесите на менталното здравје во заедниците во кои психологот делува. Оваа иницијатива ќе се реализира во текот на месец Ноември, 2017, месецот на психологијата во Р. Македонија, по повод десетгодишнината од функционирањето на Комората на психолози како професионално тело кое ги застапува интересите на сите психолози во Р. Македонија.

Денови на психологија „Грижа за Себе е грижа за Тебе” и ако се иницирани од Комората на психолози, идејно и логистички ќе бидат реализирани од сите заинтересирани психолози и институци и од каде што тие доаѓаат. Таа се реализира на база на нашите способности, нашата креативност, нашето време и професионалност и нашиот капацитет за взаемно делување. Притоа, ние ги користиме и ресурсите на заедницата, институциите во кои работиме, и можностите кои ги имаме. Учеството во оваа платформа ни овозможува и поврзување и грижа едни за други и промоција на нашата професија како исклучително значајна за заштитата и унапредување на менталното здравје и добросостојба на граѓаните на Р.Македонија.

Темата „Грижа за себе е грижа за Тебе“ е првата тема на оваа национална платформа за унапредување на менталното здравје и е движечкиот концепт преку кој ќе се вообличуваат и спроведуваат сите иницирани активности. На овој начин, секој заинтересиран психолог ќе предложи и спроведе акција преку која ќе ја презентира личната и професионалната грижа за менталното здравје во заедницата и пошироко. Предложената акција претставува промоција на психологот и е негов придонес во унапредувањето на менталното здравје во одредениот сектор каде тој функционира и ја развива дејноста.

Секој заинтересиран психолог својата акција ја предлага во дефинирани области на: Здравство, Човечки ресурси, Образование, Приватна пракса и Социјална заштита. Акциите можат да бидат одредени презентации на релевантни теми, работилници, предавања, дискусии, истражувачки проекти, јавни акции, гостувања во медиуми, пишан текст, мапирање на потребите за психолошка дејност на заедницата и артикулација на наодите. За пријавените акции, психологот ги користи сопствените и ресурсите на институцијата и заедницата.

Акциите се пријавуваат преку пополнување на формулар за психолошка акција со доставување на истиот на маил: [email protected]. Право на учество имаат сите заинтересирани психолози (без обврска за членство).

Пријавените акции и психолози ќе влезат во националната агенда на настани и на тој начин истите ќе бидат промовирани национално преку нивно поставување и артикулирање на платформата на соработка на социјалните медиуми. Можете повеќе информации за социјалната платформа да добиете на фејсбук страницата.

„Грижа за себе е Грижа за Тебе“ е непрофитна дејност на пријавените психолозите, наменети за граѓаните и заедницата. Ресурсите кои ги инвестираат, се ресурсите кои ги имаат и кои ги користат.

Сите оние кои што ќе земаат учество во оваа национална платформа, освен промоцијата на психолошката улога и дејност и придонесот во артикулација на прашањето на ментално здравје, ќе им бидат доделени и сертификати за учество од страна на Комората на психолози, потребни за унапредување на професионален развој.

Хаштагови на настанот се:
#grizazasebeegrizazatebe  #denovinapsihologija2017  #mentalnozdravje

Организацискиот Одбор на Денови на Психологија го сочинуваат:
Радмила Живановиќ, координатор, [email protected], област: Приватна пракса
Фросина Денкова Зафировска, [email protected], област: Човечки Ресурси
Светлана Илоски, [email protected], област: Здравство
Андреа Велинова, [email protected], област: Образование
Марија Ангелеска, [email protected], област: Социјална заштита
Љубица Попова, [email protected], област: Здравство
Мирјана Јовановска Стојановска, [email protected]
Тина Кочовска, [email protected]

Графички дизајн на кампањата:
Вили Стоилова, [email protected]