Тематски целини на стручниот испит

СТРУЧНИОТ ИСПИТ ЌЕ СОДРЖИ ТРИ ПРАШАЊА.

ЕДНО ОД ПРАШАЊАТА СЕ ОДНЕСУВА НА ЕТИКА НА ВРШЕЊЕ НА ПСИХОЛОШКА ДЕЈНОСТ.

ВО ПРИЛОГ СЕ ИСТАКНАТИ ТЕМИ И ОБЛАСТИ НА КОИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ ПРИ ПОДГОТОВКА НА СТРУЧЕН ИСПИТ, ЧИЕ ПОЗНАВАЊЕ Е ОСНОВА ЗА УСПЕШНО ВРШЕЊЕ НА ПСИХОЛОШКА ДЕЈНОСТ.

ПРИ ПОДГОТОВКА НА ПРАШАЊАТА КОРИСТЕТЕ ЈА ИСТАТА ЛИТЕРАТУРА КОЈА ЈА КОРИСТЕВТЕ ВО ТЕК НА СТУДИРАЊЕТО ПСИХОЛОГИЈА

СТРУЧНИОТ ИСПИТ ОСОБЕНО ЌЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ НА ОНАА ОБЛАСТ НА ПСИХОЛОШКА ДЕЈНОСТ ВО КОЈА СТЕ ГО ИЗВРШИЛЕ ПРИПРАВНИЧКИОТ СТАЖ.

ПРИЛОГ:

 КЛИНИЧКА ПСИХОЛОГИЈА

  1. Клиничка психологија – дефиниција и историјат:
  • Обиди за дефинирање на клиничката психологија;
  • Историјат на развојот на клиничката психологија;
  • Клиничкиот психолог во практиката.
  1. Концептуални модели на клиничката психологија:
  • Вредноста на моделите во клиничката психологија;
  • Психодинамски модел;
  • Бихејвиорален модел;
  • Феноменолошки модел;
  • Медицински модел – нови биолошки предизвици;
  • Интерперсонални теории како можен модел во клиничката психологија;
  • Примена на клиничките модели.
  1. Природа на менталното здравје:
  • Поим за нормалност и патологија;
  • Модели на менталното здравје.
  1. Психодијгностика:
  • Природа и значење на психодијагностичката експлорација;
  • Методолошки рамки и проблеми на психодијагностиката.
  1. Психодијагностичка студија на случај:
  • Основни елементи на психодијагностичката процена во клиничката психологија;
  • Биографска метода во клиничката психологија;
  • Клинички интервју;
  • Методи на посматрање и самопосматрање во клиничката психологија.
  1. Тестирање во клиничката психологија:
  • Улога на тестовите во клиничката психологија;
  • Психодијагностика на интелектуалните способности;
  • Тестови на личност – самоописни техники; тестови на животен стил; скали на вредности, ставови; проективни техники; бихевиорални техники; скали на процена итн.;
  • Психодијагностика на органицитет.

 

МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ И ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ

  1. Што е ментално здравје?
  • Холистички концепт на здравје;
  • Историјат и функција на душевната болест;
  • Менталното здравје, животните услови, стилот на живеење и личната одговорност;
  • Експлицитни и имплицитни теориски претпоставки за заштита на менталното здравје;
  1. Децентрализација, регионализација и координација на заштитата на менталното здравје.
  2. Заштита на менталното здравје ориентирана кон заедницата.
  3. Мултипрофесионален пристап.
  4. Служби на ментално здравје ориентирани кон заедницата:
  • Центри за ментално здравје;
  • Центри за ментално здравје за деца и адолесценти;
  • Социјални клубови;
  • Заштитни домови;
  • Социјална фирма;
  • Стипендија за обука.
  1. Стрес како реакција на промена:
  • Видови животни промени;
  • Модели на стрес и стратегии на прилагодување;
  • Стилови на надвладување.
  1. Што е криза?
  • Концептуален модел на криза;
  • Бихејвиорални модели за справување со кризни состојби;
  • Видови кризна интервенција.
  1. Што е психологија на советување?
  • Термин и дефиниција;
  • Теории на психологијата на советување;
  • Практика на психологијата на советување.
  1. Психолошко советување како релација на помагање:
  • Основи на советувалишна јас – ти релација;
  • Структура и динамика на релацијата на помагање (димензии, фази, цели, вештини, тренинг)
  • Модел на психолошко советување – Роберт Каркоф
  • Видови на советувалишна работа – основи за диференцирање (концептуална рамка, методи, цели, улоги, корисници);
  • Психолошко советување како работа на специфични проблеми;
  • Кризна психолошка интервенција како облик на психолошко советување;
  • Групни облици на психолошко советување – Типови на групи наменети за тераписки третман:

         1) Групи наменти за извршување на одредени активности;

         2) Социотераписки групи;

         3) Психотераписки групи.

  1. Концептуална рамка на психологијата на советување:
  • Хуманистичката теорија – Клиентоцентрична (ориентирана кон човекот) терапија: вовед, базични концепти, позиција, развој на селф-концептот, промена – услови за поттикнување на развојот и реинтеграцијата, цели за советување и за живеење;
  • Хуманистичка теорија – Терапија со релноста; Рационал-емотивна терапија: вовед, базични концепти, цели за советување и за живеење;
  • Хуманистичка теорија – Трансакциона анализа: вовед, базични концепти, развој на личноста, маладаптивно однесување и негова промена, цели;
  • Психоаналитичка теорија: вовед, основни концепти, развој на личноста, торија на неврози, психоаналитичка терапија, цели за советување и за живеење;
  • Гешталтистичка теорија;
  • Бихејвиорална теорија: Павлов и методот на класично условување; Скинер и инструменталното условување; Волпе и методот на реципрочна инхибиција; Бандура и социјалното учење; Бек и когнитивната терапија;
  • Теорија на професионална ориентација и развој; Избори и развој врзан за професијата – развоен и бихевиорален аспект; Диференцијален и структурален аспект; Тероија на одлучување; Избор и развој врзан за слободното време.
  1. Феноменот на професионално согорување (burn out): поим, димензии, причини и симптоми, превенција и третман.

 

ПСИХОТЕРАПИЈА

  1. Што е психотерапија?
  2. Кој може да се бави со оваа професија?( Каква едукација и усовршување се потребни за да се биде психотерапевт?)
  3. Кои клиенти се најпогодни за психотерапија?
  4. Која е целтта на психотерапијата?
  5. Емотивни ставови, предрасуди и морално-етички ставови на терапевтот?
  6. Однос психотерапевт – клиент (психотераписки пристапи).
  7. Индивидуална и групна психотерапија – со своите специфичности?
  8. Класификација на психотерапевтските методи?
  9. Злоупотреба на психотерапијата?
  10. Кое е Вашето лично искуство и ставови кон психотерапијата?

 

ПСИХОЛОГИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕ

  1. Процесот на перцепирање на други лица од страна на субјектите во наставниот процес.
  2. Психички процеси во релација со наставниот процес:
           – Емоции;
           – Мотивација;
           – Учење, помнење и заборавање;
           – Мислење, говор;
  1. Процесите на учење и поучување.
  2. Особености на школското учење.
  3. Методите на учење и успешноста во учењето.
  4. Трансфер во учењето.
  5. Напредување во текот на учењето.
  6. Мотивација за школско учење.
  7. Испитување и оценување.
  8. Способностите и децата. Разлики во способностите во релација со образовниот процес.
  9. Прашања на надареност и креативноста во наставниот и вон-наставниот процес.
  10. Деца со посебни образовни потреби. Инклузивно образование.
  11. Психологија на ефикасна настава. Креирање на позитивна и здрава училишна клима. Индивидуализација на наставата.
  12. Развивање на животни вештини кај децата.
  13. Психологија на личноста и образовниот процес. Личноста на ученикот. Личноста на наставникот. Компетентен наставник.
  14. Здравјето и безбедноста на децата во училиште.
  15. Неприлагодено однесување во училиштето и прашањето на т.н. проблем деца.
  16. Значењето на родителите и заедницата како субјекти во образовниот процес.