За комората

Основањето на Комората беше долгогодишен процес кој во својата прва фаза се финализираше со донесувањето на Законот за вршење психолошка дејност, а втората фаза се заврши со основањето на Комората. Комората на психолози на Р.Македонија конечно се регистрира како правен субјект на 10.10.2007 година. Во третата фаза се предложија и изгласаа повеќето Правилници и Деловници на Комората, кои се неопходен услов за нејзината работа. Оваа фаза сеуште трае во поглед на донесување акти, одлуки, правилници од интерес на нашата работа, и наша констатација е дека Комората напредува со големи чекори. Среќни сме да забележиме дека со секој изминат ден Комората зајакнува; сè повеќе психолози се пријавуваат за членство во Комората и крајот на 2008 година го означи почетокот на издавање лиценци за вршење психолошка дејност. Во почетокот на 2009 година очекуваме дека оваа законска обврска ќе биде исполнета од сите психолози кои се бават со оваа дејност во Република Македонија.

Како правен субјект кој врши јавна дејност согласно Законот за психолошка дејност, Комората претставува институција која Ви донесува одредени права и обврски

Што добивате со зачленувањето во Комората и кои се нејзинитe приоритети:

  • детално дефинирање на психолошката дејност и разграничување на истата од другите сродни професии,
  • овозможување на подобар статус на психолозите,
  • овозможување на повисок квалитет на работата на психологот,
  • овозможување, поддржување и организирање на континуирана едукација на секој психолог,
  • им овозможува на невработените психолози да стекнат едногодишна пракса и ,,влез’’ во професијата преку исполнување на обврската стажирање, и тоа така што со различни институции се потпишува договор за стажирање на психолозите стажанти
  • им овозможува на психолозите кои имаат долгогодишно искуство на успешна работа да бидат ментори на психолозите стажанти и да им го пренесат своето знаење и искуство,
  • организираното менторство и супервизија од искусните психолози за психолозите стажанти е начин на поврзување на професионалците од оваа дејност, споделување и збогатување на искуствата, знаењата и вештините, а со тоа и зголемување на успешноста во она што е наша конечна цел: доброто ментално здравје и развој на личноста/заедницата, и секако прогрес на психологијата како наука.
  • заедничка работа на унапредување и развој на психодијагностичките средства потребни за успешна работа,
  • помош при вработување на психолозите,
  • овозможува правна помош и правна заштита на сите психолози кои вршат психолошка дејност,
  • мрежа на психолози,
  • и низа други погодности...........

Што Комората на психолози очекува од Вас?

- ЧЛЕНСТВО ВО КОМОРАТА НА ПСИХОЛОЗИ И
- ЛИЦЕНЦИРАЊЕ,
- АКТИВНО вклучување во работата на Комората, преку работата на собранието на Комората, Телата или Комисиите, или едноставно со праќање на забелешки, пофалби и критики,
- Работа на сопствената едукација и континуирано усовршување, па преку тоа и на развојот на професијата и унапредување на психолошките услуги,
- Предложување на теми и водење едукации за други психолози, во облик на работилници, семинари и сл. акредитирани од Комората со што носат бодови за стручно усовршување,
- Уредно плаќање на членарината затоа што само така придонесувате за нормална работа на Комората и за застапување на професијата ПСИХОЛОГ.
СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НА ОВОЈ НАЧИН ОДГОВОРИВМЕ НА ДЕЛ ОД ВАШИТЕ ПРАШАЊА. СЕ РАДУВАМЕ НА ВАШАТА СОРАБОТКА И УШТЕ ЕДНАШ ВЕ ПОВИКУВАМЕ НА АКТИВНО УЧЕСТВО ВО РАБОТАТА НА КОМОРАТА НА ПСИХОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Вашиот придонес и учество во работата на Комората ќе придонесе истовремено и за Вашето лично професионално напредување.

Активности на комората