ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Комората на психолози на Република Македонија ја почитува заштитата на личните податоци и на таа заштита гледа како на свој приоритет.

Личните податоци се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Со оваа политика за приватност, сакаме да Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме личните податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Како контролор, Комората на психолози применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита. Од оваа причина, секој посетител може да ни ги достави личните податоци преку алтернативни средства за комуникација: пошта, телефон или да дојде во нашите службени простории.

Дефиниции

Назив и адреса на контролорот

Офицер за заштита на личните податоци

Коментари

Мултимедија

Контакт форми

Колачиња

Вградена содржина од други сајтови

Ограничување на обработката и бришење на личните податоци

Права на субјектите на личните податоци

Правна основа за обработка (категории на лични податоци и цел на обработката на личните податоци)

Периодот во кој ќе се чуваат личните податоци

Автоматско донесување на поединечни одлуки

Право на поднесување Барање до Агенција за заштита на лични податоци

 

Дефиниции

Политиката за приватност на Комората на психолози се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за пошироката јавност, за нашите членови и останатите посетители. Затоа најпрво сакаме да ги објасниме поимите што ги користиме.

Во оваа Политика за приватност, меѓу другото, ќе ги користиме следниве изрази:

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци (во натамошниот текст: субјект или субјектот) е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните  податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Ограничување на обработката на податоците

Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

Псевдонимизација

Псевдонимизација е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Корисник

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

 

Назив и адреса на контролорот

Контролор согласно ЗЗЛП е:

Комора на психолози на Република Македонија
ул. „Лондонска“ бр. 19, лок.8, Т.Ц.Олимпико – 1000 Скопје
Република Македонија

Телефон: + 389 2 3074203

Е-маил адреса: [email protected]

Веб страница: https://komoranapsiholozi.mk/

 

Офицер за заштита на лични податоци

Соња Колеќеска Аргировска
e-маил адреса:[email protected]
Телефон: + 389 2 3074203

Секој посетител може во секое време директно да контактира со офицерот за заштита на лични  податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

 

Коментари

Посетителите не оставаат коментари на овој сајт и со тоа ние не собираме податоци што се користат во таа постапка прикажани во формуларот за коментари, како и IP адресата на посетителот и низа на кориснички агенти на прелистувачот за да ни помогнат во откривањето на спам.

Доколку оставите коментар, коментарот и неговите мета податоци се чуваат на неодредено време. Ова се користи за да можеме автоматски да ги препознаеме и одобриме вашите понатамошни коментари, наместо да ги чуваме за модерирање.

За корисниците кои се регистрираат на нашиот веб-сајт (доколку има такви), ние ги чуваме и личните податоци кои ги внесуваат во својот кориснички профил. Сите корисници може да ги видат, уредат или избришат своите лични податоци во било кое време (освен што не можат да го променат своето корисничко име). Администраторите на веб-сајт, исто така, може да ги видат и променат тие информации.

Мултимедија

Доколку прикачувате слики на веб-сајтот, препорачливо е избегнување на прикачување на слики кои содржат информации за локацијата (EXIF GPS). Посетителите на веб-сајтот може да ја преземат сликата и да ги извадат тие податоци од сликите на вашиот веб-сајт.

Контакт форми

Нашата контакт форма користи Име и емаил адреса за да идентификува кој пратил порака преку формата. Податоците не ги чуваме никаде едноставно одговараме повратно на емаил адресата што е наведена.

Колачиња

На нашата страна нема опција за оставање коментар.

Доколку ја посетите нашата страница за најавување, ние ќе поставиме привремено колаче за да утврдиме дали вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Тоа колаче не содржи лични информации и ќе биде отфрлено кога ќе го затворите вашиот прелистувач.

Кога се најавувате, ние поставуваме неколку колачиња за да ги зачуваме вашите информации за најава и избор на екран(страница). Колачињата за најавување траат 2 дена, а колачињата за опции за екран траат 1 година. Доколку се одјавите од вашата сметка, колачињата за најава се отстрануваат.

Доколку уредувате или објавите статија, дополнително колаче ќе биде зачувано во вашиот прелистувач. Тоа колаче не вклучува лични податоци и едноставно го означува ID-то на написот кој го имате уредувате. Колачето истекува после 1 ден.

Вградена содржина од други веб-сајтови

Објавите на оваа страница може да вклучуваат вградени содржини (пример: видеа, слики, други објави, итн.). Вградената содржина од други веб-страници се однесува на ист начин како да сте го посетиле тој друг веб-сајт.

Овие веб-страници може да собираат податоци за вас, користат колачиња, вградуваат следење од трети страни и да ја следат вашата интеракција со вградената содржина, вклучително и интеракцијата со вградената содржина доколку имате сметка и се најавени на тој веб-сајт.

 

Ограничување на обработката и бришење на личните податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани и се обработуваат или во времето предвидено во прописите за архивски материјал.

Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во прописите за архивски материјал, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.

Права на субјектите на лични податоци

Право на потврда

Секој субјект има загарантирано право да добие потврда од Комората на психолози дали неговите или нејзините лични податоци се обработуваат. Доколку субјектот сака да го искористи правото на добивање на потврда, во секое време може да не контактира. Нашиот вработен ќе постапи по барањето.

Право на пристап

Секој субјект има загарантирано право од Комората на психолози да добие информација за неговите лични податоци, во секое време, бесплатно, како и копија од овие податоци.

ЗЗЛП му гарантира на субјектот пристап до следниве информации:

  • цел на обработката;
  • категории на личните податоци;
  • корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисници во трети земји или меѓународни организации;
  • ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
  • постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци од страна на Комората на психолози или ограничување на обработката на неговите лични податоци или правото да се спротивстави на таквата обработка;
  • постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
  • кога личните податоци не се собрани од субјектот, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
  • постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, согласно член 26 ставови (1) и (4) од ЗЗЛП и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.

Покрај тоа, субјектот има право да добие информација за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја или меѓународна организација. Доколку е така, субјектот има право да биде информиран за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.

Доколку субјектот сака да го искористи правото на пристап, во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето за пристап до личните податоци.

Право на исправка

Секој субјект има загарантирано право од Комората на психолози да добие исправка на неточните лични податоци за него без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот има право да ги дополни нецелосните лични податоци.

Доколку субјектот сака да го искористи ова право на исправка, во секое време може да не  контактира. Нашиот вработен ќе постапи по барањето за исправка на личните податоци.

Право на бришење („Право да се биде заборавен“)

Секој субјект има загарантирано право од Комората на психолози да бара да ги избрише неговите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:

  • Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат.
  • Субјектот ја повлекол согласноста на која се заснова обработката во согласност со членот 10 став (1) алинеја 1 или членот 13 став (2) алинеја 1 од ЗЗЛП, а не постои друга правна основа за обработка.
  • Субјектот приговарал на обработката согласно членот 25 став (1) и (2) од ЗЗЛП.
  • Личните податоци се обработуваат незаконски.
  • Личните податоци мора да бидат избришани согласно законска обврска.
  • Личните податоци биле собрани во врска со понудата на услуги на информатичко општество наведени во членот 12 став (1) од ЗЗЛП.

Доколку еден од горенаведените услови е исполнет, а субјектот сака да побара бришење на личните податоци што ги чуваме, во секое време може да не контактира. Нашиот вработен ќе постапи по барањето за бришење на личните податоци.

Право на ограничувања за обработка

Секој субјект има загарантирано право да се ограничи обработката на неговите лични податоци од страна на Комората на психолози, доколку е исполнет еден од следниве услови:

  • точноста на личните податоци се оспорува од субјектот, за период кој и овозможува на Комората на психолози да ја провери нивната точност.
  • обработката е незаконска и субјектот се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба.
  • за целите на обработката, Комората на психолози нема повеќе потреба од личните податоци, но субјектот ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на  неговите правни барања.
  • субјектот приговара на обработката согласно членот 25 став (1) од ЗЗЛП, во очекување на верификација дали легитимните интереси на Комората на психолози преовладуваат над интересите на субјектот.

Доколку еден од горенаведените услови е исполнет и субјектот сака да побара ограничување на обработката на личните податоци што ги чуваме, во секое време може  да не контактира. Нашиот вработен ќе постапи по барањето за ограничувања во обработката на личните податоци.

Право на преносливост на податоци

Секој субјект има загарантирано право да ги добие своите лични податоци, а кои тој ги има дадено на Комората на психолози во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат. Субјектот има право да ги пренесе овие податоци на друг контролор без мешање од контролорот кому му се дадени личните податоци, под услов обработката да се заснова на согласност од членот 10 став (1) алинеја 1 или членот 13 став (2) алинеја 1 од ЗЗЛП или да се заснова на договор наведен во членот 10 став (1) алинеја 2 од ЗЗЛП, а обработката се изведува со автоматски средства и не е неопходна за извршување на задачи од јавен интерес или за извршување на јавно овластување на контролорот утврдено со закон.

Покрај тоа, при остварување на правото за преносливост на податоци во согласност со членот 24 став (1) од ЗЗЛП, субјектот има право да бара неговите лични податоци директно да бидат пренесени од еден на друг контролор, каде што е технички изводливо и кога тоа не влијае негативно врз правата и слободите на другите физички лица.

Со цел да се оствари правото на преносливост на податоци, доколку е применливо, субјектот во секое време може да не контактира. Нашиот вработен ќе постапи по барањето за преносливост на податоците.

Право на приговор

Субјектот врз основа на конкретна ситуација поврзана со него има право да поднесе приговор до Комората на психолози во секое време, против обработката на неговите лични податоци, врз основа на член 10 став (1) алинеи 5 или 6 од ЗЗЛП. Ова исто така важи и за профилирање засновано врз овие одредби.

Комората на психолози повеќе нема да ги обработува личните податоци во случај на приговор, освен ако докажеме дека постојат релевантни легитимни интереси за обработката, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.

Субјектот има право, од причини поврзани со неговата лична состојба, да приговара на обработката на неговите лични податоци за научни или историски истражувања или статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од ЗЗЛП, освен ако обработката е неопходна за извршување на работи од јавен интерес.

Со цел да се оствари правото на приговор, субјектот во секое време може да не контактира. Нашиот вработен ќе постапи по приговорот.

Право на повлекување согласност за заштита на податоците

Секој субјект има право да ја повлече согласност за обработка на неговите лични податоци во секое време.

Доколку субјектот сака да го искористи правото на повлекување согласност, во секое време може да не контактира. Нашиот вработен ќе постапи по барањето без одлагање.

Правна основа за обработка (категории на лични податоци и цел на обработката на личните податоци)

За цели на издавање на лиценца и регистрација на член во Регистарот на лиценцирани психолози ги  собираме и обработуваме следните категории на лични податоци:

  • Регистарски број на лиценца
  • Име, татково име и презиме
  • Пол
  • Датум и место на раѓање
  • ЕМБГ
  • Адреса на живеалиште односно престојувалиште
  • Државјанство
  • Националност
  • Податоци за завршено образование
  • Податоци за положен стручен испит
  • Податоци за специјализација и податоци за дополнително здобиени знаења
  • Податоци за вработување и движење во службата
  • Податоци за лиценца (број и датум на издадена, обновена, продолжена, одземена лиценца и потпис на лицето што ја подигнало лиценцата)
    • Податоци за контакт (телефон, е-маил адреса)

Правна основа за обработка на овие податоци е Законот за вршење на психолошка дејност, Статутот на Комората на психолози на Р. Македонија и Правилникот за издавање, обновување и одземање на лиценци

Период во кој ќе се чуваат личните податоци

Личните податоци кои се обработуваат за цели на издавање на лиценца и регистрација на член во Регистарот на психолози се чуваат до престанокот на членството во Комората на психолози.

Автоматско донесување на поединечни одлуки

Комората на психолози не користи автоматско донесување поединечни одлуки и профилирање.

Право на поднесување Барање до Агенција за заштита на лични податоци

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:

Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
https://www.dzlp.mk/
[email protected]

 

„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20.

„Службен весник на Република Македонија“, бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14,132/14,188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 101/19, 153/19, 180/19 и 275/19

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 153/19, 180/19 и 275/19.

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/19

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/19.