Издавање на лиценци

Од Правилникот за издавање, обновување и одземање на лиценци за вршење на психолошка дејност:

  1. Дипломираните психолози имаат обврска да обават стаж во траење од една година и да полагаат стручен испит. 

следете го следниов линк за повеќе информации: Психолози приправници

  1. Психолозите кои имаат над пет години работен стаж во вршење на психолошка дејност, можат да се здобијат со општа лиценца за вршење на психолошка дејност со доставување на уредно досие и барање за членство во комората.
  1. Психолозите кои поседуваат општа лиценца (ги исполнуваат критериумите за општа лиценца) и имаат: постдипломско образование, специјализација или специфична едукација за психотерапија, и вршат специфична психолошка дејност, се стекнуваат со право за посебна лиценца за вршење на психолошка дејност.

ИСТИТЕ ПОТРЕБНО Е ДА ПРИЛОЖАТ УВЕРЕНИЕ ЗА СТРУЧНОТО ОСПОСОБУВАЊЕ ВО ИНСТИТУЦИЈА СО АДЕКВАТНА ПРОГРАМА, ЗАЕДНО СО ОСТАНАТАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА.

……………………………………………………………………..

За психолозите кои ги исполнуваат условите од точка 1, 2 или 3, следете го линкот за да ги најдете  ФОРМУЛАРИТЕ потребни за Вашето досие за пристапување кон Комората и за лиценцирање.