Стручен испит

Критериуми за право на полагање стручен испит:

Психолозите кои имаат над пет години работно искуство, се стекнуваат со право за лиценца за вршење на психолошка дејност и немаат обрвска да полагаат стручен испит (Закон за вршење на психолошка дејност)

Психолозите кои имаат минимум една година работен стаж во вршење психолошка дејност, се стекнуваат со право за полагање на стручен испит. По положувањето на стручниот испит, ним им се издава општа лиценца за вршење психолошка дејност.

За пријавување за полагање стручен испит потребно е да се достави следната документација во просториите на Комората на психолози на Р. М. (T.Ц.Олимпико ул.Лондонска 19 , лок 8, 1000 Скопје):

  • Оригинал или нотарски заверена фотокопија на Уверението за дипломирање и стекнато звање - психолог;
  • Потврда за работно искуство (волонтирање) во вршење на психолошка дејност во траење од минимум една година до максимум пет години;
  • Оригинал или нотарски заверена фотокопија од Уверение за државјанство на Р. Македонија;
  • Пријава за полагање на стручен испит (може да ја подигнете во просториите на Комората на психолози или да ја симнете од овој линк.
  • Пристапница за членство во Комората на психолози (може да ја подигнете во просториите на Комората на психолози
  • Доказ за подмирени финансиски обврски кон Комората на психолози на Р. Македонија  (УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА УПЛАТНИЦА)
    • КРАТКА БИОГРАФИЈА (CV)
    • МОТИВАЦИОНО ПИСМО

КОМПЛЕТ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ МОЖЕ ДА ДОСТАВИТЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА КОМОРАТА НА ПСИХОЛОЗИ.

  • Стручниот испит се полага усно.
  • Стручниот испит се полага во просториите на Комората.
  • Стручниот испит се полага пред тричлена комисија.
  • На Ваше барање стручен испит може да се полага секој месец во текот на оваа година:
           - Испитот се пријавува од 1ви до 20ти во месецот.
           - Стручен испит се полага од 25ти до 31ви во месецот.
 

Тек на стручен испит - тематски целини

                                               - прашања за стручен испит

Испитни сесии и резултати