Основањето на Комората беше долгогодишен процес кој во својата прва фаза се финализираше со донесувањето на Законот за вршење психолошка дејност, а втората фаза се заврши со основањето на Комората. Комората на психолози на Р.Македонија конечно се регистрира како правен субјект на 10.10.2007 година. Во третата фаза се предложија и изгласаа повеќето Правилници и Деловници на Комората, кои се неопходен услов за нејзината работа. Оваа фаза сеуште трае во поглед на донесување акти, одлуки, правилници од интерес на нашата работа, и наша констатација е дека Комората напредува со големи чекори. Среќни сме да забележиме дека со секој изминат ден Комората зајакнува; сè повеќе психолози се пријавуваат за членство во Комората и крајот на 2008 година го означи почетокот на издавање лиценци за вршење психолошка дејност. Во почетокот на 2009 година очекуваме дека оваа законска обврска ќе биде исполнета од сите психолози кои се бават со оваа дејност во Република Македонија.
Како правен субјект кој врши јавна дејност согласно Законот за психолошка дејност, Комората претставува институција која Ви донесува одредени права и обврски
Што добивате со зачленувањето во Комората и кои се нејзинитe приоритети:
- детално дефинирање на психолошката дејност и разграничување на истата од другите сродни професии,
- овозможување на подобар статус на психолозите,
- овозможување на повисок квалитет на работата на психологот,
- овозможување, поддржување и организирање на континуирана едукација на секој психолог,
- им овозможува на невработените психолози да стекнат едногодишна пракса и ,,влез’’ во професијата преку исполнување на обврската стажирање, и тоа така што со различни институции се потпишува договор за стажирање на психолозите стажанти
- им овозможува на психолозите кои имаат долгогодишно искуство на успешна работа да бидат ментори на психолозите стажанти и да им го пренесат своето знаење и искуство,
- организираното менторство и супервизија од искусните психолози за психолозите стажанти е начин на поврзување на професионалците од оваа дејност, споделување и збогатување на искуствата, знаењата и вештините, а со тоа и зголемување на успешноста во она што е наша конечна цел: доброто ментално здравје и развој на личноста/заедницата, и секако прогрес на психологијата како наука.
- заедничка работа на унапредување и развој на психодијагностичките средства потребни за успешна работа,
- помош при вработување на психолозите,
- овозможува правна помош и правна заштита на сите психолози кои вршат психолошка дејност,
- мрежа на психолози,
- и низа други погодности...........
Што Комората на психолози очекува од Вас?
Активности на комората
-
Изменет Правилник за издавање и одземање на Одобренија за вршење на приватна пракса
Управниот Одбор на Комора на Психолози, со Одлука бр:0202-247/01 од 10.08.2020год. го усвои изменетиот Правилник за издавање и одземање на… прочитајте повеќе… →
-
Соопштение од Комора на психолози на Република Северна Македонија
Почитувани сограѓани, Комората на психолози на Република Северна Македонија се приклучува кон и потполно ги поддржува мерките и насоките… прочитајте повеќе… →
-
Одлука за прифатливо време од стажирање
На својата редовна Седница, одржана на 18.09.2019, Управниот Одбор при Комората на Психолози, усвои - Одлука за прифатливо време од… прочитајте повеќе… →
-
Субверзивен фронт ја има честа да ве покани на дводневен тренинг воден од John Pachankis, PhD - Associate Professor of… прочитајте повеќе… →
-
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комората на психолози и Министерството за здравство
На 29 октомври, претседателката на Комората на психолози на Република Македонија Мирјана Јовановска-Стојановска и министерот за здравство Венко Филипче, потпишаа… прочитајте повеќе… →
-
Правилник за полагање за издавање на лиценца од страна на Комората на психолози на РМ
КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на Член 3 и Член 4 од Законот за вршење на психолошка… прочитајте повеќе… →
-
Денови на психологија „Грижа за Себе е грижа за Тебе” Национална платформа на психолози на Р.Македонија за унапредување на менталното… прочитајте повеќе… →
-
Почитувани членови на Комората на психолози на РМ, Ве известуваме дека на ден 24.03.2017 година, со почеток во 18:00 часот,… прочитајте повеќе… →
-
Изборно собрание на Комората на психолози на РМ
Почитувани колешки и колеги, членови на Комората на психолози на РМ Ве известуваме дека на ден 10.6.2016 годин,а во просториите… прочитајте повеќе… →
-
ПСИХОЛОШКА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ Ги повикуваме сите психолози кои сакаат да учестуваат во акцијата на Комората на… прочитајте повеќе… →