На својата последна Седница, одржана на ден 25.04.2022, Управниот Одбор на Комората на Психолози донесе Одлука за намалување на цените за разгледување на Барања доставени до Етички Одбор во однос на истражувања. Го објавуваме Ценовникот за Барање Мислење во врска со етичност во постапувањето со испитаници при психолошки истражувања:
· Меѓународни / регионални истражувања кои се финансирани од донор – 6.000,00 ден.
· Домашни истражувања кои се финансирани од донор – 4.500,00 ден.
· Самофинансирано индивидуално истражување – 900,00 ден.
· Истражувања поврзани со стандардизација на инструменти – 4.500,00 ден.
Забелешка: за категоријата самофинансирано индивидуално истражување – не се земаат во предвид истражувањата за изработка на дипломски, магистерски и докторски трудови.