Дипломираните психолози се запишуваат во Регистарот на Психолози-приправници при Комората, а се стекнуваат со правото да полагаат Стручен Испит за Лиценца по задолжителен стаж во траење од 1 година. Од тие причина Управниот одбор објавува
П О В И К до своето членство:
Лиценцираните психолози да пријават места каде работат, а кои можат да понудат стажирање за дипломирани психолози; како и информација за тоа колку време би траел тој стаж во конкретната институција, фирма и сл.
Овој Повик се однесува и на Ваше пријавување како ментори на дипломираните психолози – стажанти.
Повикот останува отворен за Ваше пријавување.
Со почит,
Управен Одбор