Представници од Комората на психолози Председателката Мирјана .Ј Стојановска и потпредседателката Радмила Живановиќ во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје Ивона Ѓорѓиева и Кристијан Грамов ги посетија настрадните места и остварија средба со Општински организации на црвен крст на република Северна Македонија ООЦКРСМ на Делчево, Кочани, Берово и Пехчево за првична процена на потребите од психолошка помош на настраданите, пожарникарите, волонтерите на Црвениот Крст и месното население кое учествуало во гасење на пожарите. Направен е заеднички план за давање на прва психолошка помош и дебрифинг. Во проектот ќе учествуваат обучени професионалци- лиценцирани психолози од Комората на психолози а Црвениот Крст ќе обеазбеди логостичка подршка. Комората на психолози на преставниците на Црвениот Крст им достави список на психолози волентери кои по телефон ќе даваат психолошка помош на сите кои биле засегнати со оваа катастрофа.