КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на Член 3 и Член 4 од Законот за вршење на психолошка дејност („Службен весник на Р. Македонија“ бр. 6/05 од 28 Јануари, 2005 год.) и Член 33 од Статутот на Комората на психолози на Република Македонија Собранието на Комората на својата седница го донесе:
- ПРАВИЛНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ОД СТРАНА НА КОМОРАТА НА ПСИХОЛОЗИ НА Р. МАКЕДОНИЈА
Член 1
Со овој Правилник за полагање за издавање, на лиценца од страна на Комората на психолози на Р. Македонија (во продолжение на текстот Правилник) се одредуваат условите, начинот и постапката за полагање за издавање на лиценца на психолозите членови на Комората на психолози на Р. Македонија (во продолжение на текстот: Комора).
Член 2
Одборот за одредување комисија за полагање го сочинуваат 3 членови од кои еден со академска титула, со 14 години работно искуство и е претседател на комисијата, еден со стручна титула и еден психолог од пракса, двајцата со 7 години работно искуство. Членовите се именуваат од листата на психолози, кои се пријавиле на јавен повик од комората и ги именува Управен Одбор.
Членовите на Одборот мора да исполнуваат услов односно да имаат право на посебна лиценца од различни подрачја на психолошката дејност.
Член 3
За полагање за издавање на лиценца се именува Комисија за полагање.
Комисијата од ставот 1. на овој Член одлучува и го евалуира испитот како положен или неположен.
Комисијата за полагање ја сочинуваат 3 членови од кои еден со академска титула, со 14 години работно искуство и е претседател на комисијата, еден со стручна титула и еден психолог од пракса, двајцата со 7 години работно искуство. Членовите се именуваат од листата на психолози, кои се пријавиле на јавен повик од комората а ги именува Одборот за одредување комисија за полагање.
Доколку некоја Комисија не е во можност да договори Термин во рок од 20 дена, во тој случај ќе преминеме на наредната Комисија во редот на ротирање..
Членовите на Комисијата мора да исполнуваат услов односно да имаат право на посебна лиценца од различни подрачја на психолошката дејност.
Комисиите се формираат и именуваат според потребата.
Листата на стручњаци се составува од страна на членовите на Одборот за одредување комисија за полагање.
Се составуваат три листи на стручњаци и тоа од подрачјето на применета психологија во здравство, во образование и во област на труд и социјална работа.
Право да бидат дел од листата на стручњаци имаат сите членови на Комората кои ги исполнуваат условите од ставот 3 на овој член.
- ПОЛАГАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА
Член 4
Психологот се стекнува со право да полага стручен испит после обавен стаж во вршење на психолошка дејност во траење од 1 година, од која 4 месеци во институции од област на образование, 4 месеци во институции од област на здравство и 4 месеци во институции од област на труд и социјална работа.
Програмата и инстуитуциите во кои ќе се обавува стажот на психологот ги одредува Управниот одбор на Комората и истите јавно ги објавува.
Психологот кој уредно го обавил стажот има право да се пријави за полагање на стручен испит за што е потребно да ги приложи следните документи:
- Пријава за полагање на стручен испит.
- Потврда за уредно обавен стаж.
- Уверение за завршен факултет и стекнато звање психолог.
- Уверение за државјанство на Р. Македонија.
- Доказ за подмирени финансиски обврски кон Комората – уплатница по основ издавање на лиценца.
- Кратка биографија.
- Мотивационо писмо.
Документацијата се доставува во оригинал или нотарски заверена фотокопија.
Психологот кој поднел пријава за полагање на стручен испит се известува во рок од 15 дена за терминот на полагање на стручниот испит.
Испитот се отценува со положил/паднал. Кандидатите кои положиле ќе добијат Уверение за положен стручен испит кое го издава Комисијата за полагање.
Член 6
Психолозите кои имаат најмалку една година работен стаж во вршење на психолошка дејност во моментот на започнување со издавање на лиценци од страна на Комората согласно Членот 47. од Законот за вршење на психолошка дејност се ослободени од обавување на приправнички стаж.
За полагање на стручен испит ја приложуваат документацијата согласно Членот 4. од овој Правилник, со исклучок на Потврдата за уредно обавен приправнички стаж која се заменува со Потврда за работен стаж во вршење на психолошка дејност во период од најмалку една година.
Член 7
Психолозите кои имаат најмалку пет години работен стаж во вршење на психолошка дејност во моментот на започнување со издавање на лиценци согласно Членот 47 од Законот за вршење на психолошка дејност се ослободени од полагање на стручен испит и можат да го остварат своето право на добивање на лиценца за вршење на психолошка дејност со приложување на следната документација:
- Барање за издавање на општа лиценца за вршење на психолошка дејност.
- Уверение за завршен факултет и стекнато звање психолог.
- Потврда за работен стаж во вршење на психолошка дејност, во траење од најмалку пет години.
- Државјанство на Р.Македонија.
- Доказ за подмирени финансиски обврски кон Комората – уплатница по основ издавање на лиценца.
Член 8
Ако психологот стекнал звање во соодветна образовна институција во друга земја потребно е покрај барањето, да приложи и:
- диплома за завршен факултет и стекнато звање психолог.
- нострификација на дипломата,
Документацијата се поднесува во оригинал или нотарски заверена фотокопија.
Член 9
Доколку при поднесување на пријава за полагање на стручен испит подносителот не ја поднесе комплетната докуметација, пријавата или барањето не се прима се додека не ги комплетира.
Член 10
Врз основа на решение на Комисијата за полагање Претседателот на Комората, Комората издава лиценца за вршење на психолошка дејност.
Член 11
Странски државјани психолози кои бараат привремено или трајно издавање на лиценца во Република Македонија обврзани се, со барањето за издавање на лиценца освен документацијата од Членот 7. со исклучок на ставката Уверение за државјанство на Р.Македонија и Членот 9. на овој Правилник, да приложат и документација за одредените важечки прописи за работа на странец во Република Македонија, потврда за членство во матичната Комора или друга соодветна по статус организација, потврда за почитување на одредбите на Етичкиот кодекс на психолозите, како и доказ дека против психологот не се води никаква судска или дисциплинска постапка.
III. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 12
Измените и дополненијата на овој Правилник се донесуваат по истата постапка како што се донесува и Правилникот.
Член 21
Овој Правилник стапува на сила по донесувањето од страна на Управен Одбор на Комората.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА