УО при Комората на психолози, на барање на Секцијата на психолози вработени во областа на  човечки ресурси, менаџмент, проценка и развој на вработени за промена на името на 04.07.2022 година донесе Одлука со бр.0202-229/01 за промена на името во Секција за Индустриска/Организациска психологија.

Причината се должи на фактот што во рамките на одделите за човечки ресурси се предвидени работни позиции каде покрај психолози има вработени од други професии, најчесто економисти со експертиза во областа на плати и бенефиции за вработените и правници со експертиза во законот за работни односи и други закони и подзаконски акти поврзани со овој сегмент на работата.

Нашата цел како психолози е да ја поддржиме професијата и да креираме свесност за значењето на сите гранки на психологијата и придонесот кој ние како психолози можеме да го дадеме со нашето знаење. Иако голем дел од областите кои ги опфаќа индустриската/организациска психологија се работат во рамките на одделите за човечки ресурси од големо значење е да ја зголемиме свесноста за знаењето кое доаѓа од оваа област и да работиме на нејзина популаризација.

Дополнително како поддршка на оваа Одлука е фактот што во националната рамка за квалификации постои занимање индустриски психолог.