На 06.08.2022 од 12:00 до 15:00 часот во рамки на работата на Комисијата за итен одговор при катастрофи се одржа обука за прва психолошка помош и психолошки дебрифинг со 17 членови на Комисијата.
Оваа обука се реализираше со цел освежување на знаењата на психолозите за основите на првата психолошка помош и психолошки дебрифинг, како и подготовка на тимот за претстојната сезона и потенцијалната потреба од прва психолошка помош на терен.
Во времетрање од 3 часа оваа обука ја водеа Ивона Ѓорѓиева, претседател на Комисијата и Тиана Ивановска потпретседател на ова тело.
Таа беше посетена од страна на членовите на координативното тело, како и членовите на тимот за итен одговор при катастрофи формиран во рамки на Комисијата. Обуката служеше за да ги обучи новите членови на тимот, како и да го сподели искуството од интервенциите во криза меѓу професионалците со подолгогодишна пракса.
Тимот кој е подготвен за итен одговор во катастрофи располага со 21 психолог, а психолозите се поделени во тимови за супервизија, тим за давање на психолошка поддршка преку телефон, тим за итен одговор на терен, членови на координативно тело како и претседател и потпретседател.