
Комората на психолози изразува благодарност до Општина Кочани и градоначалникот Владко Грозданов и Здружение на граѓани 16ти март 2025 за доделената благодарница за покажаната солидарност, хуманост и несебичина поддршка по трагедијата.
Веднаш по пожарот во дискотеката во Кочани беа објавени на ФБ страната на Комората 40 психолози кои онлајн беа достапни за сите кои беа погодени од катастрофата. Во текот на целата година150 психолози, лиценцирани членови на Комората даваа психолошка помош и психосоцијална поддршка на учениците и наставниот кадар во сите 12 основни училишта, 8 средни училишта во регионот, градинките, студентите на УГД.
Даваа психолошка помош на повредените во болницата во Будимпешта, на Пластична хирургија во Скопје.
Психолошка помош на родителите кои ги изгубија своите деца, повредените млади луѓе на Пониква во текот на целиот нивен престој таму, на целокупното население на Кочани и целиот регион..
Комората учествуваше во формирањето на Регионалниот Центар за ментално здравје во Кочани во рамките на кој екипи на психолози даваат психолошко советување и психотерапија за родителите кои ги изгубија своите деца, повредените и нивните семејства и сите граѓани на Кочани.
Психолозите од Комората се се уште тука за сите на кои им се потребни.
