Изминува една година од трагедијата во Кочани, настанот кој предизвика длабока болка и трајна трага во колективната меморија на нашето општество. Со поминување на времето болката не престанува. Таа се трансформира, но останува дел од личната и заедничката реалност.

Како стручна заедница, потсетуваме дека последиците од вакви трагични настани и после една година, може да остават траги во психофизичкото функционирање на личноста. Тие можат да се манифестираат како долготрајна тага, траума,   анксиозност,   нарушено чувство на безбедност и други симптоми.

Годишнините често повторно ги активираат истите чувства кај преживеаните, семејствата, сведоците и целата заедница.

Во вакви периоди е особено важно:

  • да се валидира болката,
  • да се обезбеди достапна и континуирана психолошка поддршка
  • да се негува солидарност и емпатија, и
  • системски да се вложува во безбедност, превенција и одговорно постапување на институциите.

Нашите лиценцирани психолози од Комората на психолози остануваат достапни за стручна психолошка поддршка и помош за намалување на психолошките потешкотии во функционирањето на личноста.