Листа на информации од јавен карактер

1.Податоци од надлежност на институцијата утврдени со закон

Комората на психолози  на Македонија има надлежности утврдени со Законот за вршење на психолошка дејност . Комората ги врши следниве работи:

– донесува решение за издавање, обновување и одземање на општата и посебната лиценца;

– донесува решение за давање и за престанок на одобрението за вршење на приватна пракса;

– води регистар на психолозите кои вршат приватна пракса, како и други евиденции;

– ги застапува членовите на Комората во заштитата на нивните професионални интереси;

– учествува во утврдувањето и верификаиијата на програми за стручно усовршување на психолозите;

–  го поттикнува и организира стручното усовршување на членовите на Комората;

– дава стручно мислење во врска со подготовката на прописите што се однесуваат на психолошката дејност;

– утврдува стандарди, нормативи и ценовник на услугите во приватната пракса;

– утврдува прописи на психодијагностичките средства и стандарди за нивната употреба, презема мерки на заштита од нивна неовластена изработка, дистрибуција и примена;

– стручен надзор над вршењето на приватната дејност;

– врши надзор над спроведувањето на професионалната психолошка етика и решава по жалби;

– соработува со други струкови здруженија, со соодветни стручни и научни институции во земјата и странство;

– соработува со државни органи и органите на единиците на локалната самоуправа во решавањето на прашања значајни за остварување на психолошката дејност и предлага мерки за унапредување на психолошката дејност заради заштита на менталното здравје на граѓаните и

врши и други работи утврдени со овој закон, Статутот и другите прописи на Комората.

2.Основни податоци за контакт на институцијата

Комора на психолози на Република Македонија
ул. „Лондонска“ бр. 19, лок.8, Т.Ц.Олимпико –
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон: + 389 2 3074203

Е-маил адреса: [email protected]

Веб страница: https://komoranapsiholozi.mk/

 

3.Податоци за функционерот или одговорното лице кај имателот на информацијата

Претседател на Комора на психолози:

Д-р сц Мирјана Јовановска Стојановска

е-маил адреса:  [email protected]

 4.Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации

Соња Колеќеска Аргировска
e-маил адреса:[email protected]
Телефон: 078/311-477

5.Основни податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување

6.Список на лица вработени кај имателот на информацијата

Технички секретар:

Соња Колеќеска Аргировска

7.Закони кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информацијата

Закон за вршење на психолошка дејност (Сл. Весник на Р.Македонија бр.6/05, од 28.01.2005 година)

8.Прописи што во рамките на својата надлежност ги донесува имателот на информацијата во вид на подзаконски акти

Статут на Комора на психолози на Р.Македонија

Етички кодекс на психолозите на Р. Македонија

Правилник за издавање, обновување и одземање на лиценци за вршење на психолошка дејност

Правилник за содржината, роковите и постапката за стручно усовршување на психолозите

Правилник за регистер на членови на Комората

Правилник за издавање, обновување и одземање на одобренија за приватна пракса

Правилник за материјално-финансиско работење на Комората

Правилник за правата и одговорностите на членовите на Комората

Правилник за употреба на психолошки тестови

Правилникот за работата на Судовите на Чест при Комората на Психолози

Стандарди на психолошко тестирање

Правилник за полагање за издавање на лиценца од страна на Комората на прихолози на РМ

9.Органограм за внатрешна организација

Претседател на Комора на психолози:

Д-р сц Мирјана Јовановска Стојановска

Управен Одбор: линк

Надзорен Одбор: линк

Етички Одбор: линк

Суд на чест од прв степен: линк

Суд на чест од втор степен: линк

Обвинител на Комората: линк

Комисии и Секции – (линкови покрај секоја од нив)

Комисија за издавање, одземање и обнова на лиценци

Комисија за издавање, одземање и обнова на лиценци

Комисија за стручен испит

Комисија за нормативна дејност

Комисија за приватна пракса

Комисија за признавање и усовршување на стручноста на психологот и пријава на стручен собир за усовршување на психологот

Комисија за меѓународна соработка

Комисија за итен одговор при катастрофи

Комисија за објава на зборник на психолошки тестови издадени во време на корона криза

Денови на Психологија

Секција за образование и наука

Секција за приватна пракса

Секција за психолози вработени во труд и социјала

Секција за психолошки тестови

Секција за психолози вработени во здравство

Секција за Индустриска/Организациска психологија

Секција за психолози кои работат во казнено-поправни институции

Секција за воени психолози

Тело за соработка со сексуални и родови малцинства

Тело за соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство„

 

10.Стратешки планови и стратегии за работа на имателот на информацијата

Приоритети на Комората на Психолози: детално дефинирање на психолошката дејност и разграничување на истата од другите сродни професии, овозможување на подобар статус на психолозите, овозможување на повисок квалитет на работата на психологот, овозможување, поддржување и организирање на континуирана едукација на секој психолог, им овозможува на невработените психолози да стекнат едногодишна пракса и ,,влез’’ во професијата преку исполнување на обврската стажирање, и тоа така што со различни институции се потпишува договор за стажирање на психолозите стажанти, им овозможува на психолозите кои имаат долгогодишно искуство на успешна работа да бидат ментори на психолозите стажанти и да им го пренесат своето знаење и искуство, организираното менторство и супервизија од искусните психолози за психолозите стажанти е начин на поврзување на професионалците од оваа дејност, споделување и збогатување на искуствата, знаењата и вештините, а со тоа и зголемување на успешноста во конечната цел: доброто ментално здравје и развој на личноста/заедницата, и секако прогрес на психологијата како наука, заедничка работа на унапредување и развој на психодијагностичките средства потребни за успешна работа, помош при вработување на психолозите, овозможува правна помош и правна заштита на сите психолози кои вршат психолошка дејност, мрежа на психолози.

 

11.Годишни планови и програми за работа

12.Годишен буџет и завршна сметка

13.Годишни финансиски планови по квартали и програма за реализација на буџетот

14.Ревизорски извештај

 15.Видови услуги кои ги дава имателот (со линкови до насловите)

  • Полагање на Стручен испит
  • Издавање, одземање и обнова на Лиценци
  • Упис во регистар на психолози-приправници

16.Тарифни надоместоци за издавање на реални акти

17.Начин на поднесување на барање за пристап до информации

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.

https://www.fk.mk/wp-content/uploads/2016/10/%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF-%D0%B4%D0%BE-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86-%D0%9F%D0%9F.pdf

Контакт – службено лице:

Соња Колеќеска Аргировска
e-маил адреса:[email protected]
Телефон: 078/311-477

18.Документација за јавни набавки

19.Предлог на програми, програми, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на актите од надлежноста на имателот на информации, соопштенија до јавноста за работи преземени од интернет страната во согласност со законските надлежности, информативни билтени, службени гласилa

20.Извештаи за работа што се поднесуваат до органи надлежни за спроведување контрола и надзор

21.Статистички податоци за работата

22.Други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информацијата