Одлука на УО, донесена на Седница од 20.04.2026, за спроведување акција со траење до 30.06.2026г  за намалување на цената на чинење на Лиценца за вршење на психолошка дејност, со следниве наводи:

1.Во однос на чинење на лиценцата, сите Барања за издавање и обнова на Лиценца за вршење на психолошка дејност, добиени во период по испратениот допис до Институции, Министерства, Општини на ден 27.03.2026г. во кој Комората бара почитување на Законот за вршење на психолошка дејност, посебно Лиценцирање на психолозите и користење на стандардизирани психолошки тестови до 30.06.2026 год. ќе се примаат со:

-уплати пониски до 50% од 12.300,00 – цената на чинење за издавање на Лиценци;

-уплати пониски до 50% од 10.000,00 – цената на чинење за обнова на  Лиценци.

2.Во однос на условите за издавање на лиценцата, важат истите, како и досега се полага стручен испит за Лиценца, а од стручниот испит се ослободени следниве категории на психолози:

-оние кои имаат 5 години работно искуство во област на психологијата до 2007 – годината на формирање на Комората на псиохолози

-Специјалисти по медицинска психологија

-Доктори во област на психологија

Согласно акцијата, од полагање на стручен испит се ослободуваат и:

-апликантите кои ќе докажат дека имаат 5 години до пензионирање;

-апликантите кои ќе докажат дека имаат 20 години работно искуство во област на психологијата.

Напомена: оние кои уплатиле цела сума за издавање/обнова на Лиценца по дописот од 27.03.2026г. до 30.06.2026 год., нема да уплаќаат 5 години членарина.

Оваа одлука влегува во сила на денот на донесувањето.