По објавувањето на документарниот филм „Сценариото на нарцисот„ со сериозни сведоштва за емоционална злоупотреба, Комората на психолози упатува јавно соопштение до граѓаните.
Сакаме да истакнеме дека лицето Сем Вакнин не е член на нашата Комора, поради што институцијата нема надлежност над неговото дејствување. 
Апелираме до сите граѓани кои имаат потреба од грижа за своето ментално здравје, помошта да ја бараат исклучиво од лиценцирани психолози и психотерапевти. Пред да започнете каков било процес, секогаш проверувајте дали стручното лице поседува важечка лиценца за работа издадена од Комората, со цел да си обезбедите безбедна и професионална поддршка.
Изразуваме длабоко сочуство и солидарност кон жртвите на било каква психичка злоупотреба во ваков и сличен контекст.