Управниот одбор на Комора на психолози, на својата Седница од 29.04.2025, донесе Одлука бр: 0202-235/01 – за примање документација за обновување на необновени Лиценци по истекувањето на рокот на важење на Лиценцата.

Образложение: Лиценците се обновуваат на 7 години. Документација за обнова на Лиценци кои доцнат до 2 години над терминот, ќе се прима редовно и ќе се постапува по критериумите за обнова. За тие 2 години потребно е да се уплати годишна членарина. Во случај да се доцни 3 години, ќе се бара писмено образложение за причините за необновување, како и преземање одговорност за доцнењето.

Забелешка: се валоризираат поени на име стручно усовршување за активности 7 години наназад од денот на поднесување барање за обнова.

Оваа Одлука е со важност од денот на објавување на web–страната на Комора на психолози.

Управен одбор на Комора на психолози